Search

Баер Леверкузен до историската шампионска титула во Бундеслигата стигна без пораз

Новиот гермнански фудбалски шампион Баер Леверкузен денеска во последното коло славеше победа против Агусубург (2:1). До првата историска клупска титула Баер стигна без ниту еден пораз. Досега во Германија ниту Баерн, ниту било кој друг тим не успеал да стигне до титулата на ваков начин. Тимот од Леверкузен им се придружи на Јувентус, Арсенал и Милан кои се единствени екипи кои освоиле национално првенство од најсилните пет лиги, без пораз. Избраниците на тренерот Чаби Алонсо сосема заслужено стигнаа до трофејот. Сезоната ја заврши со 28 победи и шест нерешени натпревари, постигнаа 89 голови, а примија 24. Во сите натпреварувања се во серија од 51 натпревар без пораз и сега им остануваат уште два меча за неверојатен успех и тројна круна без изгубен натпревар.

Треба да знаете
Последни објави