Search

Хезболах со дронови го гаѓаше северниот дел на Израел

Проиранското движење Хезболах соопшти дека со самоубиствен дрон нападнал израелски пункт во близина на либанската граница, по што Израел возврати со гранатирање, пренесе ДПА.

Израелската војска соопшти дека нападнала различни цели на Хезболах во јужен Либан.

Се додава дека „експлозивен дрон“ е идентификуван во северен Израел од правец на Либан. Нема повредени, соопшти израелската армија.

Од почетокот на војната во Газа, секојдневно има гранатирање на границата меѓу Либан и Израел. Постои загриженост дека војната може да се прошири подлабоко на либанска територија.

Треба да знаете
Последни објави