Search

Волстрит џурнал: Ники Хејли денеска ја завршува кампањата за претседателска номинација

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, пишува Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани извори.

Хејли планира накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.

Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, победи на непартиските избори синоќа во 14 од 15 сојузни држави на САД. Хејли победи само во Вермонт, а досега победи само во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави