Search

(ВИДЕО) Лажна е веста дека ниту еден претходен министер за внатрешни не ги посетил полицајците во Неготино

Денеска одредени медиуми објавија лажна вест дека актуелниот технички министер за внатрешни работи е првиот министер кој го виделе неготинските полицајци.

Екс-министерот Оливер Спасовски на 30-ти август 2018-та ја посетил полициската станица во Неготино, покажуваат архивите на МВР.

-Остваривме работна средба во ПС Неготино и командирот на полициската станица ме информира дека безбедносната ситуација во Неготино е поволна. Има опаѓање на криминалитетот, а се зголемува ефикасноста во работата на полициските службеници, што значи откривање на сторителите и поднесени кривични пријави- рече тогаш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата посета на ПС Неготино на 30 август 2018-та година.

Средба со полицајците во Неготино имаше и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на 14 февруари 2024.

Извор: Центар.мк

Треба да знаете
Последни објави