Search

Турските дронови „Бајрактар“ испорачани во Албанија

Турски беспилотни летала „Бајрактар“ се испорачани во Албанија, истакна денеска албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на Фејсбук наведе дека е почнато склопување на беспилотните летала, како и паралелно поставување на потпорната инфраструктура за нивно работење и контрола.

Според него, овој развој „не само што ги зголемува одбранбените способности на Албанија, туку служи и како доказ за посветеноста на земјата да ја гарантира националната безбедност“ и „исполнувањето на највисоките одбранбени стандарди“.

„Ова достигнување е симбол на нашата посветеност на модернизација и иновација за нашите вооружени сили“, рече Пелеши.

Треба да знаете
Последни објави