(Видео) Професор Додовски за Пендаровски: Таков државник и е потребен на Македонија

Продолжува јавната поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски за втор претседателски мандат.

По бројните објави од актери, пејачи, уметници, со поддршка се јави и универзитетскиот професор Иван Додовски,

„Во сите овие изминати години, Пендаровски задржа неколку значајни личносни карактеристики. Чесен е, не е конфликтен, внимателен е, и принципиелен. Умее да ги согледа подалечните хоризонти и да го разбере историскиот миг. Посветено со знаење и искуство и служи на својата земја. Таков државник со личен интегритет и со висок меѓународен углед и е потребен на Македонија“ вели во видео објава професорот Додовски.

Додовски е декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а во својата кариера меѓу другите активности, бил и визитинг професор на Универзитетот Дарби во Велика Британија, како дел од Еразмус+ програмата.

Треба да знаете
Последни објави