Search

Маричиќ: Продолжувањето на важноста на старите пасоши се коси со Уставот и нема да им помогне на граѓаните

Првиот вицепремиер на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека измените на Законот за патни исправи за продолжување на важноста на старите патни исправи е несериозно и директно се коси со Уставот.

Тој вели дека со измените нема да се решат проблемите на граѓаните.

„Тоа за жал нема да им помогне на граѓаните. Наместо тоа, треба да се разговара со компанијата која ги обезбедува обрасците за пасошите со цел да се постигне динамика со која целиот процес би завршил летово“ порача Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави