Search

Иран: Израел ги нападна нашите гасоводи. Тоа е терористичка саботажа

Иран денеска го обвини Израел дека стои зад минатонеделниот напад врз иранските гасоводи, изјави министерот за нафта Џавад Овџи, пренесе новинската агенција Тасним. Овџи ги окарактеризира двете експлозии на главната гасоводна мрежа на Иран, која се протега од југ кон север, како „терористички чин на саботажа“. Нападот се случи на 14 февруари.

„Непријателот имаше намера да го прекине снабдувањето со гас за домаќинствата (…), но нашите колеги за два часа го спречија израелскиот заговор и само неколку цевки беа оштетени“, рече Овџи.

Во декември минатата година, хакерска група поврзана со Иран и Израел објави дека извршила сајбер напад во кој собориле 70 отсто од бензинските пумпи во Иран.

Треба да знаете
Последни објави