Изгореа три пластични контејнери на „Партизанска“

Три контејнери на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Буњаковец попладнево изгореа за кусо време. Од скопската територијална противпожарна единица велат дека пожарот веднаш бил изгаснат, а црниот чад што можел да се забележи од повеќе краеви во Скопје е поради тоа што гореле пластика и отпад. ППБ интервенирала со едно возило и со тројца пожарникари. Скопските пожарникари утрово интервенираа и во гаснење на пожар кој избувнал во напуштена куќа зад хотел во близина на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави