Search

Бајден се пожалил дека „Натанјаху му прави пекол“

Среде извештаите за растечката фрустрација во Белата куќа од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, NBC објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден ја изразува својата огорченост во приватни разговори, но нема намера да направи голема промена во политиката кон Израел.

Цитирајќи пет лица директно запознаени со неговите коментари, во извештајот се вели дека Бајден изразил фрустрација кон луѓето, вклучително и донаторите на кампањата, поради неговата неможност да го убеди Израел да ја промени својата воена тактика во Газа.

Бајден е исто така збунет од отфрлањето на договорите од страна на Нетанјаху за кои американскиот претседател мисли дека се победа за Израел, како што е саудиската нормализација во замена за политички пат кон палестинска држава.

Американскиот претседател наводно рекол дека се обидува да го натера Израел да се согласи на примирје со Хамас, но „Нетанјаху му прави пекол“.

Бајден, се вели во извештајот, мисли дека Нетанјаху сака да ја продолжи војната за да остане на власт. Извори, исто така, велат дека Бајден верува дека би било контрапродуктивно да се биде премногу критичен кон Нетанјаху во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави