Search

Државна поддршка од над 10 милијарди евра за „зелено“ реновирање на зградите во Германија

Германската државна развојна банка KfW најави поголема поддршка за реновирање на зелена обнова на згради и достапно домување оваа година, истакнувајќи ги паричните инјекции за технологии клучни за енергетската транзиција. Над 10 милијарди евра се резервирани во овогодинешниот буџет за реновирање на згради и станови, приближно половина од потрошените во 2023 година, соопштија вчера од банката.

„Согласно владината наредба, ние им помагаме на луѓето во Германија во постепена транзиција кон домување погодно за климата“, изјави на почетокот на прес-конференцијата претседателот на банката, Стефан Винтелс. Kfw ќе ги искористи буџетските пари што му се ставени на располагање за да создаде стимулации за создавање прифатливи станови, додаде Винтелс.

Поддршка ќе се обезбеди и за помалите компании, посочуваат од банката, најавувајќи поголеми суми за „централни теми“ како лизинг, развој и промоција на клучни технологии за енергетската транзиција. Минатата година банката го намали обемот на нови деловни активности за една третина, на 111,3 милијарди евра. Домашните стимулации беа речиси преполовени, на 77,1 милијарди евра.

Падот е одраз на значително намалената поддршка за енергетскиот сектор и за ефикасни згради во споредба со 2022 година, кога владата се обиде да го олесни товарот од високите цени на енергијата врз компаниите и граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави