Search

Брнабиќ: Резолуцијата која ЕП ќе усвои е со аргументи на ниво на „Радио Милева“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека резолуцијата за Србија, за која рече дека очекува утре да ја усвои Европскиот парламент, содржи аргументи кои се „на ниво на „Радио Милева“. Брнабиќ за телевизија Хепи денеска изјави дека аргументите за барањето за меѓународна истрага во врска со тврдењата на опозицијата дека се украдени изборите се во форма на „слушнав“, „има обвинение“ и коалицијата „Србија против насилството“ соопшти “. Таа рече дека резолуцијата „ќе содржи буквално се што опозицијата некогаш кажала“ за изборите одржани на 17 декември минатата година. -Ќе најдете информации за 40.000 граѓани на Република Српска, иако покажавме дека тоа не се случи, информации за фантомски гласачи, за пасивизирани гласачи. Нема ниту еден детал што не успеале да го вклучат во резолуцијата на Европскиот парламент, изјави Брнабиќ. Таа додаде дека во резолуцијата „повторно експлицитно се наведува“ дека ја повикуваат Европската комисија да ги прекине претпристапните преговори и европската интеграција на Србија, доколку не бидат воведени санкции кон Русија. Таа рече дека „вистината е сосема ирелевантна категорија за таа резолуција“ и дека во неа не се споменува оти косовскиот премиер Аљбин Курти им го ускратил правото на глас на косовските Срби на изборите.

Треба да знаете
Последни објави