Search

Клан Македонија: Арбен Таравари на средба со Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ!

Извори на Клан Македонија информираат дека во текот на вечерните часови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, била одржана средба на првиот човек на АА, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Клан Македонија има и фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Не се познати деталите од средбата на двајцата лидери, која доаѓа во време кога веќе се прават партиски позиционирањa околу годинешните избори.  Инаку, средбата Мицкоски-Таравари доаѓа по средбата на албанската опозиција заедно со лидерот на АA, со премиерот на Косово, Албин Курти и на денот на почетокот на работата на техничката Влада со премиер Талат Џафери.

Треба да знаете
Последни објави