Search

Интер го освои италијанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Интер го освоија Суперкупот на Италија, откако вечерва во Ријад во финалето го победија Наполи со 1:0.

Фудбалерот на Наполи, Џовани Симеоне во 60. минута доби втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.

Во 91. минута Лаутаро Мартинез го постигна победничкиот гол на асистенција на Бенџамин Павар и го доведе Интер до освојување на Суперкупот.

Наполи стигна до финалето победувајќи ја Фиорентина со 3:0, додека во другото полуфинале Интер со ист резултат го совлада Лацио.

Ова е осми трофеј за миланскиот клуб во ова натпреварување, а воедно и трет по ред.

Треба да знаете
Последни објави