Search

Халид Бешлиќ стана жртва на интернет измама: „Рекламирал“ сода бикарбона која лечи дијабетес

На официјалната Фејсбук страница на Халид Бешлиќ беше објавено дека пејачот станала жртва на интернет измама.

Имено, станува збор за оглас кој се појави на социјалните мрежи, каде на страната наречена Апотека „Прва помош“ е објавена фотографијата на Бешлиќ на која пејачот рекламира сода бикарбона.

Како што може да се види, се работи за лоша монтажа на постарата фотографија на Бешлиќ, додека во долниот лев агол има рака која држи кесичка сода бикарбона.

-Лага! Овој оглас се појави на Фејсбук страницата и сакаме да ве информираме дека немаме апсолутно никаква врска со тоа. Сите слични работи ќе бидат пријавени кај органите на прогонот – пишува во објавата на официјалната Фејсбук страница на Халид Бешлиќ.

Сода бикарбоната што наводно ја држи Бешлиќ во раката се рекламира како лек кој „го убива дијабетесот и го стабилизира шеќерот во крвта на 4 mmol/L“.

Неговите обожаватели се огласија во коментари, пишувајќи дека е јасно дека се работи за измама пред се затоа што се работи за лоша монтажа, но и затоа што му веруваат на пејачот и мислат дека тој самиот не би рекламирал нешто.

Неодамн и Нина Бадриќ и Данијела Мартиновиќ се најдоа во слични ситуации. И двете се огласија на социјалните мрежи каде ги предупредија своите фанови да не наседнуваат на објави во кои рекламираат медицински препарати.

Треба да знаете
Последни објави