Search

(Видео) Бостон без пораз сезонава на домашен терен

Бостон селтикс ја продолжува победничката серија во кошаркарската НБА-лига на домашен терен, постигнувајќи ја 19. победа во истотолку настапи пред своите гледачи. Совладан беше Хјустон со 145:113. Бостон е единствен тим во НБА кој  сезонава има максимален победнички скор на домашен терен. Бостон останува лидер во источната конференција со скор од 29:9. Џејлен Браун со 32 поени беше најпрецизен кај Бостон, Џејсон Тејтум даде 27 поени, а Кристапс Порзингис мечот го заврши 17 поени.

Кошаркарите на Јута пред своите гледачи го совладаа тимот на ЛА Лејкерс со 132:125 кој настапи без Леброн Џејмс поради повредата на глуждот на ногата. Најдобар кај Јута беше Лаури Марканен со 29 поени, додека во редовите на Лејкерси улогата на прв реализатор ја презеде Деанџело Расел кој постигна 39 поени.

Далас без Лука Дончиќ не претставуваше тежок предизвик за Њу Орлеанс кој победи со 118:108.

Резултати: Бостон – Хјустон 145:113, Атланта – Вашингтон 99:127, Мемфис – Њујок 94:106, Милвоки – Голден стејт 129:118, Оклахома сити – Орландо 112:100, Далас – Њу Орлеанс 108:118, Сан Антонио – Чикаго 116:122, Јута – ЛА Лејкерс 132:125.

Треба да знаете
Последни објави