Search

Алтхаус нема дилеми за кого ќе навива вечерва во Берлин !

Македонските ракометари вечерва (20.30 ч.) во Берлин ќе го одиграат вториот натпревар од групата А на Европското првенство, против селекцијата на домаќинот Германија. Во пресрет на овој натпревар, во центарот на вниманието се најде Германката Ања Алтхаус, некогашната ракометарка на ЖРК Вардар, која за време на ЕП ја извршува функцијата медиа-менаџер за „црвено-жолтите“ задолжена за ПР-односите и комуникација на ракометарите со медиумите. Алтхаус во интервју за „Билд“ изјави дека вечерва нема дилема за кого ќе навива во Берлин. -Чувството е специфично. Јас сум дел од селекцијата на Македонија која што игра против Германија. Но, како член на македонската репрезентација немам дилема за кого ќе навивам. 100% ќе навивам за Македонија, рече Алтхаус. За германскиот весник „Билд“, 41-годишната Алтхаус проговори за врската со македонскиот репреентативец Томислав Јагуриновски. -Се однесуваме многу професионално. Сите знаат дека со Томи веќе подолг период сме во врска. Тука односите ни се на професионално ниво, додаде Германката.

Треба да знаете
Последни објави