Захов по осум години минати во Шкендија заминува од Тетово

Голманот Костадин Захов по точно осум години во таборот на тетовчани го напушти клубот. 36-годишникот го прекина договорот со Шкендија и ќе побара нов ангажман во пресрет на пролетната полусезона. Од минатата зима наваму Захов падна во втор план во Шкендија зад младиот Давор Талески, а сега на негово место во голманското трио влегува Астрит Амзаи кој беше на позајмици во Гостивар и Тетекс.

Захов со Шкендија освои три шампионски титули, два Купа и имаше 115 натпревари без примен гол.

Прволигашот од Чаир, Шкупи како најновото засилување го промовира Дарко Додев кој во изминатиов период го носеше дресот на албанска Влазнија.

Треба да знаете
Последни објави