Search

Резултатската криза за Наполи продолжи во Торино

По поразот од Рома и ремито со Монца, актуелниот италијански фудбалски првак Наполи денеска во рамките од 19. коло во Серија А, на гостувањето кај Торино загуби убедливо (3:0). Торино поведе во финишот од првото полувреме со гол на Санабрија. Работите за Наполи станаа уште полоши по пет минути игра во вториот дел кога Мацоки заработи црвен картон и го остави својот тим со фудбалер помалку. Две минути подоцна тоа го искористи Торино и со гол на Влашиќ зголеми на 2:0, во 66. минута Бонџорно ги постави конечните 3:0. Лацио како гостин со 2:1 го победи Удинезе. Пелегрини погоди во 12. минута за водство на римскиот клуб од 1:0. Во 59. минута Валас изедначи на 1:1, а Весино во 76. минута го постави конечниот резултат.

Треба да знаете
Последни објави