Search

Кај Манчестер сити по три месеци во тимот се врати Де Брујне

Актуелниот европски и англиски фудбалски првак Манчестер сити со убедливи 5:0 против Хадерсфилд продолжува со настапите во ФА Купот. На овој натпреавр по повеќе од три месеци отсуство од фудбалските терени во тимот на „граѓаните“ се врати Кевин де Брујне. Де Брујне кој паузираше поради повреда, во игра влезе во 57. минута на местото од Грилиш и беше асистент при голот на Доку со кој беше поставен конечниот резултат од 5:0. Манчестер сити поведе со погодок на Фоден во 33. минута, а четири минути подоцна Алварез погоди за водство од 2:0. Во вториот дел Џексон си постигна автогол за 3:0, а Фоден со својот втор гол на мечот зголеми на 4:0. Вест Хем и Бристол сити ремизираа (1:1), па ќе треба да игра уште еден меч.

Треба да знаете
Последни објави