Search

Димитров го освои Бризбејн

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го освои пехарот на АТП250 турнирот во Бризбејн. Димитров во финалето беше подобар од Холгер Руне со 2:0 во сетови. За Димитров ова е прв трофеј уште од 2017 година кога изненади со освојувањето на АТП завршниот турнир.м Првиот сет донесе изедначена борба во која Димитров се покажа како поуспешен во тајбрејкот кој го доби со 7:5. Во вториот сет Руне не беше така сигурен, па бугарскиот тенисер направи брејк при резултат 3:3 и ја задржа предноста за 6:4 да го освои сетот и да го добие мечот. За Димитров ова беше вкупно деветта титула во 18. финален настап во кариерата и добра најава пред почетокот на Австралија Опен.

Треба да знаете
Последни објави