Search

Во Црна Гора го чекаат „Лидл“ да ги отвори своите продоавници за да поевтини храната

Германскиот амбасадор во Подгорица, Петер Фелтен, за тамошните медиуми изјавил дека германскиот малопродажен синџир „Lidl“ сака што поскоро да ги отвори своите продавници со намирници низ цела Црна Гора. Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ отворањето на продавниците од „Лидл“ го гледа како решение за пониски цени на прехранбените производи во неговата земја.

Спајиќ рече дека компанијата би можела да ги реши „сомнежите дека цените на храната во Црна Гора растат по договор на трговските синџири“.

Во меѓувреме заедно со поскапувањето на храната во Црна Гора, расте и заработувачката на четири од петте големи трговски синџири во таа земја: „Воли“, „HD Lakovic“, „Idea-Franca“ и „Арома“.

Сопствениците на четирите синџири маркети само лани биле во вкупна добивка од 20 милиони евра.

Меѓународниот трговски синџир „Лидл“ досега купил три големи локации во Црна Гора за своите идни мегамаркети, а компанијата претходно не сакала да зборува за плановите за Црна Гора, ниту за рокот кога би можеле да почнат со работа.

Треба да знаете
Последни објави