Надал: Се надевам дека повредата не е сериозна

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој по речиси едногодишна пауза поради повреда се врати на теренот, на турнирот во Бризбејн загуби од Џордан Томпсон со 1-2 во сетови. По мечот искусниот 37 годишен тенисер, кој важи за еден од најдобрите во светот повторно се соочува со здравствени проблеми.

Надал во третиот меч од враќањето на теренот почувствувал болка кај колкот, кој го оперираше минатото лето.

„Болката е на исто место, но чувствувам дека станува збор за мускулот. Минатата сезона тоа беше тетива и чувството беше различно. Единствен проблем е тоа што е на истото место и загрижен сум. Сепак, се надевам дека не е сериозно“, кажа Надал.

Треба да знаете
Последни објави