Јаглехидратите се главниот извор за обезбедување на енергија за телото. Одредени јаглехидрати доколку прекумерно се земаат можат да придонесат за зголемување на телесната тежина. Има и такви јаглехидрати кои помагаат за стабилизирањето на шеќерот во крвта и за контрола на телесната тежина. Диететичарот Џес Федером открил кои три здрави јаглехидрати може да ги јадете секој ден за да го стабилизирате шеќерот во крвта и побрзо да ослабнете. Овес, киноа и хелда се јаглехидратите кои треба да ги вклучите во вашата исхрана доколку сакате да го стабилизирате шеќерот во крвта и да ја контролирате телесната тежина. Овие цели житарици имаат низок гликемиски индекс, што значи дека побавно се варат, што доведува до постепено и постојано ослободување на гликозата во крвотокот. Ова својство ги прави особено вредни во стабилизирање на шеќерот во крвта, помагајќи во превенција на енергетските скокови и падови. Понатаму, тие содржат многу растителни влакна кои придонесуваат во чувството на ситост и потенцијално го намалуваат вкупниот внес на калории. Сите овие три јаглехидрати се преполни со диетални влакна кои се неопходни за контролата и стабилизацијата на шеќерот во крвта, како и за оптимизација на варењето на храната.