18 дена по ред скопјани дишат загаден воздух

Скопје денеска не е меѓу десетте најзагадени градови во светот иако и утрово загаденоста беше на високо ниво.

Но она што е уште пострашно е фактот што 18 денови по ред загаденоста на воздухот во Скопје е на алармантно високо ниво. 

Според светскиот сервис што го мери загадувањето, IqAir, скопјани последен пат чист воздух дишеле на 16 декември минатата година.

Од тој ден, па се до денес загаденоста е или умерена или нездрава, според IqAir. 

И покрај најавите на градските и општинските власти, до ден денеска не се преземени никакви интервентни мерки за да се намали загаденоста.

Треба да знаете
Последни објави