Амир-Абдолахијан: Убиството на Ал-Арури е кукавичка терористичка операција

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан изјави дека вчерашното убиство на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во Бејрут е „кукавичка терористичка операција што докажува дека ционистичкиот режим не постигнал ниту една од своите цели по недели воени злосторства, геноцид и уништувања во Газа и на Западниот Брег, и покрај директната поддршка од САД“.

– Злосторничката активност на терористичката машина на овој терористички режим во други земји е вистинска закана за мирот и безбедноста и сериозен аларм за безбедноста на земјите во регионот, изјави Амир-Абдолахијан, пренесува Тајмс оф Израел.

Хезболах претходно соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.

– Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави Хезболах на Телеграм.

Тие додаваат дека убиството на Салех ал-Арури, еден од највисоките функционери на Хамас, и неговите колеги „во срцето на предградијата на Бејрут е сериозен напад врз Либан, неговиот народ и суверенитет“.

Палестинската милитантна група Хамас претходно потврди дека во, како што рече, израелски напад врз предградијата на Бејрут, загинале Ел Аури и двајца водачи на нејзината елитна бригада Ал Касам.

Во нападот во кој се погодени простории на Хамас загинаа вкупно шест лица.

Треба да знаете
Последни објави