Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 12:19 часот по локално време, на 414 километри југозападно од градот Банда Ачех, кој се наоѓа на островот Суматра и има 250. 000 жители.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.