Search

Анчелоти потпиша нов договор со Реал Мадрид до 2026 година

Трофејниот италијански фудбалски стратег Карло Анчелоти стави потпис на нов договор со Рeал Maдрид до 2026 година. Претходно се најавуваше дека Анчелоти од јуни 2024 ќе седне на клупата на репрезентацијата на Бразил.

Реал Мадрид денес го потврди новиот договор на Италијанецот кој сега би требало да работи во Мадрид до 2026 година.

Ваквата ситуација секако носи задоволство кај навивачите на Реал Мадрид, меѓутоа во исто време и разочарување кај Бразилците кои се надеваа дека Анчелоти ќе биде нивни нов предводник на Мундијалот во 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави