Search

Дончиќ броеше до 39, Далас загуби од Кливленд

Лука Дончиќ 14 пат на последните 15 натпревари постигна 30+ поени, но овој пат не успеа да му помогне на Далас да победи. Маверикс на домашен терен испуштија предност од 20 поени и на крајот загубија од Кливленд со 110:113.

Словенецот натпреварот го заврши со 39 поени, 29 постигна во првото полувреме. Кавалирс во последната четвртина се вратија во натпреварот, го презедоа водството и на крајот победија. Во овој период Дончиќ шест минути беше на клупата, а Далас пет минути не успеа да постигне кош.

Сет Кари кај Далас постигна 19, а Тим Хардавеј Јуниор 14 поени.

Кај победниците се истакна Крис Лаверт со 29 поени со два скока и седум асистенции.

Џерет Ален додаде 24 со дури 23 скока и шест асистенции, додека Ајзак Окоро додаде 22 поени.

Резултати:

Орландо – Филаделфија 92:112
Вашингтон – Торонто 102:132
Бруклин – Милвоки 122:144
Хјустон – Феникс 113:129
Оклахома Сити – Њујорк 129:120

Треба да знаете
Последни објави