Search

Чави го загуби трпението со Левандовски, сака да му ја намали платата и да го седне на клупата

Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Чави Ернандес, е незадоволен од игрите на напаѓачот Роберт Левандовски. Според прикажаното на теренот полската фудбалска ѕвезда Левандовски наскоро може да седне на клупата за резервни играчи.

И тоа не е се што го очекува Левандовски на „Кам Ноу“. Поради финансиската криза во која се наоѓа клубот голем дел од фудбалерите беа принудени да ги ревидираат договорите и да им бидат намалени платите, па сега Чави и навивачите бараат тоа да се случи и со Левандовски, кој воедно е најдоброплатен играч во тимот. Според радиото „Кадена Сер“, нето-платата на Левандовски во првата сезона во Барселона изнесува 10 милиони евра, оваа сезона е 13 милиони, а следната сезона ќе биде 16 милиони. Во последната година од договорот, нето-платата повторно би му се намалила на 10 милиони. Очекувањата на челниците на Барселона беа дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата од година во година ќе игра сè подобро, но ситуацијата е поинаква. Левандовски минатата сезона постигна 23 гола на 34 меча во Ла Лига, а оваа сезона даде само осум гола и ги разочара навивачите. Чави исто така е разочаран од игрите на Левандовски, а ситуацијата кулминирала за време на мечот против Алмерија (3:2), кога на полувремето им викал за фудбалерите, а го замолил Левандовски да почне да трча како што треба.

Се чини дека Чави целосно го загубил трпението со Полјакот и поради тоа инсистираше и вршеше притисок врз управата на клубот да го донесе Витор Роке уште во јануари за да може 18-годишниот Бразилецот да го заземе местото на Левандовски. Желбата му беше исполнета и според шпанските медиуми, Витор Роке би требало да дебитира на првиот меч на Барселона во 2024 година, на четврти јануари во дуелот против Лас Палмас.

Треба да знаете
Последни објави