Search

ФФМ му го продолжи договорот на селекторот Милевски до 2026 година

Македонската фудбалска репрезентација и во наредните две години ќе биде предводена од старо-новиот селектор Благоја Милевски, откако Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да му го продолжи договорот до 2026 година. Милевски ќе продолжи да селекторува под истите услови како и досега.

-ФФМ, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси. Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал“, напишаа од македонската федерација.

Македонската репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 заврши претпоследна во групата, пред Малта, а зад Украина и Италија со шест бодови помалку, додека за првопласираната Англија заостана 12 бода. -Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Милевски со новиот договор ќе ја преводи Македонија во следното издание од Лигата на нации и во квалификациите за СП 2026.

Треба да знаете
Последни објави