Search

Странските инвестиции вo Aлбанија за девет месеци се 1,1 милијарда евра, од нив 222 милиони евра се за купување станови

Според податоците на Централна банка на Албанија, во периодот јануари-септември директните странски инвестиции бележат раст за 10 отсто, споредено со истиот период минатата година.

-Во овој период во албанската економија влегле 1,088 милијарди евра. Ова е највисокото ниво забележано по 2014 година. Од сите главни партнери на Албанија забележан е раст на странските инвестиции. На врвот во класификацијата, е Холандија поради компанијата „Шел“ и проектот за откривање нафта во планината Шпирага, објави Ора њуз.

По Холандија следува Италија со 151 милион евра, трета е Турција по што следуваат Австрија и Косово, кои во последните две години значително ги зголемиле инвестициите во Албанија.

-Рекордна вредност е вложена во недвижен имот од странци, односно 222 милиони евра за купување станови, каде силен скок е забележан во екот на туристичката сезона, по што следуваат финансиските и осигурителните дејности каде што влегуваат банки или осигурителни компании, проектите во електрична енергија, гас и вода. Во информатичко-комуникацискиот сектор вложени се 50 милиони евра, наведува телевизијата.

Но, констатира, дека и покрај рекордниот раст на странските инвестиции во вредност, нивната тежина во односот на БДП е намалена. 

Треба да знаете
Последни објави