Search

Роналдо е најдобар стрелец во 2023 година, зад него се Кејн и Мбапе

Во дербито од 18. коло на саудиското фудбалско првенство, Ал Наср на гости го совлада актуелниот шампион Ал Итихад со 5:2. Кристијано Роналдо и Садио Мане со по два гола го предводеа Ал Наср до победата.

Ал Итихад поведе во 14. минута со голот на Абдеразак Хамдала на асистенција на Карим Бензема. Сепак, пет минути подоцна Кристијано Роналдо израмни од пенал кој го одби Карим Бензема.

Три минути подоцна Роналдо можеше да постигне уште еден гол, но ја затресе рамката од голот.

Ал Наср во 38.минута поведе преку Андерсон Талиска.

Хамдала израмни со својот втор гол во 52. минута, но еден од клучните моменти на натпреварот се случи во 67. минута. Фабињо промаши пенал и притоа заработи црвен картон, а Роналдо од белата точка зголеми на 3:2.

До крајот на натпреварот Садио Мане постигна два гола.

Кристијано Роналдо со двата гола стигна до бројката од 53 гола во оваа календарска година и стана најефикасен во светот.

Зад него се Килијан Мбапе и Хари Кејн со по 52 гола.

Треба да знаете
Последни објави