Search

Врдољак и АП Брера ја прекинаа соработката

Струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев Брера и капитенот Марио Врдољак спогодбено го раскинаа договорот. Искусниот 30-годишен хрватски фудбалски интернационалец, родум од БиХ , Врдољак во струмичкиот клуб дојде на стартот од оваа сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на одбраната на тимот.

Во Првата македонска лига екипата на Брера после 18 кола е на осмото место со 20 бодови.

Треба да знаете
Последни објави