Search

Волшебна елка на желби

,, Волшебна елка на желби ” е една од активностите која од година во година станува претпознатливо обележје за нашата организиација, а граѓаните ја  препознаваат како интересно случување во пресрет на празниците. Како и секоја така и оваа година, Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, JУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од Комерцијална банка ја организираа оваа активност. Желбите на  децата беа запишани на лампиони закачени на елката која е поставена во трговскиот Ramstore Mall . Хуманите граѓани, општествено одговорни компании, поддржувачи на активностите на Црвен крст на град Скопје истите ги остварија.

Доделувањето ќе биде на 28.12.2023 година со почеток во 12:30 часот во трговскиот Ramstore Mall на втори кат.

Да се обидеме сите заедно да ги направиме волшебни новогодишните празници на децата сместени во згрижувачки семејства но и ја поддигнеме свеста на граѓаните за формата згрижување како позитивен пример во нашето општество.  

Треба да знаете
Последни објави