Search

Тренчевска: Во четврток ќе биде исплатена финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања, на 2 јануари и редовните пензии

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва најави дека во четврток ќе биде исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања. Редовните пензии, како што изјави, ќе бидат исплатени на 2 јануари.

– Пензионерите ќе добијат финансиска помош соодветно на која категорија припаѓаат, а редовните пензии се исплаќаат секој први во месецот. Први јануари е неработен ден, така што на втори јануари ќе ги имаат парите на своите трансакциски сметки сите пензионери, рече Тренчевска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Треба да знаете
Последни објави