Потпишување договор за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и во Ресен

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор со консултантски конзорциум за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и во Ресен.

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, договорот ќе го потпишат министерот на земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и консултантски конзорциум.

Како што најави владината прес-служба, на настанот ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави