Search

Конте се поблиску до клупата на Милан

Искусниот италијански трофеен фудбалски стратег Антонио Конте е се поблиску до клупата на Милан, пренесуваат медиумите од Апенините. Актуелниот шеф на стручниот штаб на „росонерите“, Стефано Пиоли е под голем притисок да замине поради слабите резултати на тимот сезонава. Милан не успеа да ја презими во Европа, завршувајќи на последното место во групата на смртта во Лигата на шампионите, а не котира добро и во калчолигашката конкуренција каде се наоѓа далеку зад водечкиот двоец Интер и Јувентус.

Според медиумит Конте е првиот избор на раководството на Милан. Ако се обистинат најавите Конте ќе се врати на „Џузепе Меаца“ – „Сан Сиро“ каде веќе работеше, како тренер на големиот соседски ривал Интер, во периодот од 2019 до 2021 година. Со Интер ја освои последната титула во својата трофејна витрина, а „скудетото“ го освојуваше и со Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави