Search

Евакуирани 114 лица од сплавот што потона во Белград

Сто и четиринаесет лица биле евакуирани синоќа од сплавот „Картел“ на Сава во Белград, јавија од Секторот за вонредни состојби во Србија. Сплавот почнал да тоне нешто по полноќ откако избила тепачка меѓу гостите и обезбедувањето по што следело стампедо. Нема мртви и повредени, пренесуваат српските медиуми.

На местото пристигнале полицајци, меѓу кои и од речната полиција и 25 пожарникари.

– Забавата требаше да трае до два часот, околу еден нè избркаа. Јас бев првиот што ме исфрлија од сплавот. Обезбедувањето не сакаше да ми каже зошто нè бркаат. Избркале уште 10-тина луѓе, а потоа почнала расправија, тепачка, конфликт со обезбедувањето. Потоа сите одеднаш почнаа да излегуваат од сплавот. Кога сите почнаа да се туркаат, сплавот почна да тоне, а мостот да пука. Сите почнаа да врескаат и да пливаат. Беше навистина морничаво – изјавил еден од очевидците.

Треба да знаете
Последни објави