Search

(Видео) Навивачите на Будуќност ги нападнале кошаркарите во Подгорица !

Навивачите на Будуќност од Подгорица незадоволни од исходот во градското дерби со Студентски центар, ги нападнале кошаркарите на својот тим по поразот во рамките на регионалното АБА натпреаврување. Избраниците на тренерот Андреј Жакељ кога се упатиле кон тунелот, биле нападнати од неколку навивачи кои ја прескокнале заштитната ограда. Хаосот од паркетото продолжил во соблекувалните каде повлекле кошаркарите.

Црногорските медиуми информираат дека навивачите влегле во соблекувалната. Тренерот Жакељ не сакал да зборува во детали околу инцидентните сцени, само прокоментирал дека е разбирливо да има тензија кога резултатот е лош, а играта уште полоша. 

Будуќност има скор од 8-5 во АБА лигата, а следниот натпревар ќе го игра против Клуж, исто така во „Морача“, во рамките на Еврокупот. Тој натпревар се игра в среда на 27 декември од 19:00 часот и сигурно ќе биде под посебни мерки на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави