Search

(Видео) Дончиќ уште 11 поени го делат од 10.000 кошеви постигнати во НБА кариерата

Актуелниот шампион во кошаркарската НБА лига, Денвер, ја прокнижи четвртата последователна победа со триумф на гостувањето кај Шарлот (102:95), за кого ова беше седмиот пораз во низа. Победникот беше решен во третата четвртина која Денвер ја доби со 30:9. Прдводник во новиот триумф за Денвер беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ, маечот го заврши со 18 постигнати поени, 10 скока и девет асистенции.

И словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ беше најзаслужен за убедливиот триумф на неговиот тим Далас во пресметката со Сан Антино (144:119). Словенецот средбата ја заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, со што дојде на само 11 поени од гранцата од 10.000 поени постигнати во НБА кариерата. За него ова беше 62. трипл-дабл во кариерата, а шести оваа сезона. Кај „спарси“ во тимот го немаше француското „чудо од дете“, Виктор Вембањама поради повреда.

Детроит на гостувањето кај Бруклин (115:125), го претрпе 26 пораз по ред со што го изедначија црниот рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот. Кошаркарите на овој тим в среда го пречекуваат истиот ривал, а во случај на нов неуспех и официјално ќе бидат најлузерскиот тим во историјата на НБА.

Резултати: Њујорк – Милвоки 111:130, ЛА Клиперс – Бостон 108:145, Индијана – Орландо 110:117, Њу Орлеанс – Хјустон 104:106, Атланта – Мемфис 119:125, Бруклин – Детроит 125:115, Торонто – Јута 119:126, Шарлот – Денвер 95:102, Чикаго – Кливленд 95:109, Далас – С. Антонио 144:119, Оклахома – ЛА Лејкерс 120:129, Голден Стејт – Портланд 126:106, Сакраменто – Минесота 98:110.

Треба да знаете
Последни објави