Search

Јокиќ и со „крвави раце“ доминираше во Бруклин

Денвер Нагетс славеа во Бруклин 122:117, во натпревар во кој Никола Јокиќ стана играч со најмногу скокови во историјата на франшизата. Србинот веќе е најдобра асистент во историјата на Денвер, додека на листата на најдобри стрелци се наоѓа на четвртото место.

Јокиќ за 34 минути на паркетот постигна 31 поен (12/17 од поле), имаше 11 скока и додаде седум асистенции. Згора на сето тоа имаше три украдени и ниту една изгубена топка. Јокич има 6631 скок зад него остана клупската легенда Ден Иссел (6630 скокови). Кошаркарите на Бруклин не го штедеа најдобриот играч на Денвер, за што сведочат лузните на неговите раце. И покрај тоа Јокиќ доби само пет слободни фрлања.

Поефикасен од него беше само Џамал Мареј со 32 поени, што потврдува дека Нагетс не губат сезонава кога ќе постигне најмалку 25 поени.

НБА, резултати:

Филаделфија – Торонто 121:111
Бруклин – Денвер 117:122
Хјустон – Далас 122:96
Мајами – Атланта 122:113
Голден Стејт – Вашингтон 129:118
Сакраменто – Феникс 120:105

Треба да знаете
Последни објави