Search

Путин: САД и Европа треба да престанат да се залажуваат и да го чекаат падот на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја затвора вратата за САД и Европа и порача дека е време тие земји „да престанат да се глупираат“ и да го чекаат падот на Русија, пренесува Нова.рс.

-Би сакал да напоменам дека не се затвораме од американскиот континент, од Северна Америка, од САД и Канада, не се затвораме од европските земји. Тие, САД и Европа, треба да престанат да се залажуваат и да престанат да чекаат да не успееме – рече Путин на седницата на рускиот совет за стратешки развој и национални проекти.

Тој изјави дека „на сите им стана јасно“ дека ако западните земји сакаат да имаат корист од соработката со Русија, тие можат да го сторат тоа.

– Не ги оттурнуваме, туку тоа е нивна работа и нивна одлука – рече Путин.

Путин рече дека САД и Европа мора сами да размислат кој е нивниот мотив, односно дали е тоа некакво „минливо разгледување на уништувањето на Русија“ или интересите на нивните земји и народи.

– Но, повторувам, тоа е нивна работа – заклучи Путин.

Треба да знаете
Последни објави