Search

Македонија ја завршува годината на 65. место на ФИФА рејтинг-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија ја завршува годината како 65. пласирана на ФИФА рејтинг листата. Македонија на ова позиција во сумирањето на резултатите постигнати во текот на една календарска година завршуваше и во 2009-та, 2020-та и 2022-ра година. „Црвено-жолтите“ немаа активности во декември, а слично беше и со другите репрезентации, па затоа и нема големи промени на ФИФА ранг листа. Нема промени ниту во редоследот меѓу „топ 10“ селекции. На врвот останува актуелниот светски првак Аргентина, по неа следуваат Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.

Треба да знаете
Последни објави