Search

Протест против економската политика на новиот претседател на Аргентина

Илјадници луѓе се собраа денеска во Буенос Аирес на протест против економската политика што ја најави новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милај.

Полицијата со штитови го блокираше патот до зградата на Владата, каде демонстрантите започнаа протестен марш.

„Ова е мирна мобилизација. Не сакаме конфликти“, рече Едуардо Белибони, кој ја предводи левичарската група Поло Обреро, која ги повика граѓаните на протести.

Новиот претседател на Аргентина минатата недела предупреди дека нема алтернатива за фискалниот „шок“ и нема пари, велејќи дека неговите претходници ја напуштиле земјата која остана без фондови на пат кон хиперинфлација.

Оваа недела, аргентинскиот министер за економија Луис Капуто објави девалвација на националната валута, пезосот, за околу 50 отсто и големи намалувања на трошоците, со цел да се спречи хиперинфлација и да се поправи најтешката економска криза во земјата во последните децении.

За прв пат во последните години на главните влезови во градот се распоредени полицајци и специјална опрема.

Треба да знаете
Последни објави