Search

ВИКЕНД ВОНРЕДНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Подгответе се за обилни поројни врнежи, громови, бурен ветер и крупен град

Под влијание на циклон од западна Европа, во текот на утрешната вечер и ноќта кон недела, како и во недела во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме со град.

Во исто време ќе бидеме и под влијание на топол бран од Африка, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до околу 31-32 степени.

Токму поради топлиот Африкански бран, кој позначително ќе ја загрее Атмосферата и ќе ја исполни со енергија, локално е можно посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. И во Скопје и околината од утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, како и во недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и појава на невреме.

Препорачуваме, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на силен ветер автомобилите да не се оставаат во близина на дрвја.

Треба да знаете
Последни објави