Search

Бекер типува дека Ѓоковиќ ќе продолжи да игра добро, ама нема да доминира во 2024 година

Поранешниот легендарен тенисер и Германецот Борис Бекер, очекува првиот светски рекет Србионот Новак Ѓоковиќ, на кого и му беше тренер, да има уште една успешна година, но и дека нема да биде доминантен како што во годинавца што изминува – 2023. -За тенисот најдобро би било Ѓоковиќ и во 2024 година да има одлична сезона, но и помладите тенисери да му се доближат. Оваа година беше доминантен, освои три грен слем титули, играше феноменално на Вимблдон против Алкараз, кој според мене е мечот на годината. Во тенисот не е вообичаено да играат 36-годишници. Навистина е неверојатно како игра Новак, како никогаш да не се заморува и не губи мотивација. Разликата помеѓу него и останатите тенисери очекувам да биде намалена. Ѓоковиќ би можел идната година да стигне до 1-2 грен-слема, но очекувам и Алкараз и останатите да бидат подобри. Се надевам дека ривалитетот на најдобриот тенисер на светот и останатите ќе продолжи, затоа што сите уживаат во тоа, рече Бекер.

Треба да знаете
Последни објави