Search

Битиќи: Помина на Влада, Законот за нефер трговски практики

На денешната седница на Владата помина Законот за нефер трговски практики напиша вицепремиерот Битиќи.

Со законот:

-Се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи

-Се регулираат 26 нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

-Нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании

-Очекуваме да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите

Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

-Да ја зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на добавувачите и на купувачите

Република Северна Македонија е единствена земја во регионот која со овој закон се приближува кон легислативата на земјите членки на Европската Унија, бидејќи истиот е резултат на директива на ЕУ, дополнително е чекор напред кон зацврстување на компетитивноста на домашниот пазар преку креирање на предвидлива и фер бизнис клима.

Треба да знаете
Последни објави