Законот за матична евиденција утре повторно на седница на Уставниот суд

Уставниот суд утре ќе одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција.

Овој предмет беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година при што се исцрпи  дискусијата, но во фазата на гласање, предлогот не го доби потребното мнозинство.

Судијата-известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза Уставниот суд да ја оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и умрените од Законот за матичната евиденција, но овој предлог не го доби потребното мнозинство од најмалку пет гласа „за.

Треба да знаете
Последни објави