Вардар ја засилува конкуренцијата со десен бек од Тунис

Повеќекратниот македонски и двократен европски ракометен првак во машка конкуренција Вардар во вториот дел од сезоната на позицијата десен бек ќе биде посилен за Тунижанецот Мохамед Тарик Бакар. „Црвено-црните“ за да го вратат приматот на домашната сцена и да бидат респектабилен тим за на меѓународната потпиша договор на 1,5 година со Бакар кој во Скопје пристигнува од тимот на Ксур Есеф.

Бакар веќе се наоѓа во Скопје, а на екипата ќе и се приклучи на стартот на подготовките за вториот дел од сезоната.

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, и е на поширокиот список на сениорската репрезентација. Покрај Ксур Есеф, Бакар има настапувано и за екипите на Клуб Африкан и Олимпик Солиман.

Треба да знаете
Последни објави